Ваш Galaxy.
Ваш начин.
One UI 7 ти дава моќ да правиш сѐ што сакаш со леснотија, сега повеќе од кога било порано, со Galaxy AI. Подобри ја комуникацијата, ослободи ја креативноста и заврши ги сите обврски. Сѐ е под твоја контрола. 1
Свеж. Стилски. One UI
Го претставуваме One UI 7 — со уште пософистицирани и полесни за наоѓање икони на апликации, попаметно управување со известувања, нов заклучен екран со брз преглед на тековните активности и друго. Надгради на One UI 7 сега и истражи го секој детаљ од новиот изглед
Го претставуваме One UI 7 — со уште пософистицирани и полесни за наоѓање икони на апликации, попаметно управување со известувања, нов заклучен екран со брз преглед на тековните активности и друго. Надгради на One UI 7 сега и истражи го секој детаљ од новиот изглед
Лесен пристап со Now Bar
Гледај ги сите известувања од Now Brief, за музика, дневни активности и повеќе од новата функција Now Bar, без да мора да го отклучуваш телефонот.
Гледај ги сите известувања од Now Brief, за музика, дневни активности и повеќе од новата функција Now Bar, без да мора да го отклучуваш телефонот.
Притисни, кажи и готово.
Завршувај ги обврските со леснотија без да мора да се префрлаш од една на друга апликација. Само притисни и задржи го страничното копче за да го активираш Google Gemini за помош. 2
Заокружи го, пронајди го.
Едноставно така
Со функцијата Заокружи за пребарување со Google, може да добиеш брза помош за домашните задачи преку објаснувања, видеа и резултати од интернет за математика, хемија, биологија, физика и други предмети. Исто така, за миг може да го преведеш целиот екран што го гледаш, без да се префрлаш од една на друга апликација. 3

Претвори ги едноставните скици во одлични слики
Нацртај нешто од нула или цртај на некоја фотографија. Користи AI за да претвориш едноставен цртеж во неверојатна слика, притоа може да избереш разни стилови ― Водени бои, Илустрација, Скица, Поп арт и 3D цртање. 4
Веднаш преведи ги твоите повици
Едноставно разговарај по телефон, а функцијата Превод во живо ќе толкува за тебе за да ти помогне да ги надминеш јазичните бариери, дури и додека користиш апликации за допишување и повици. Како да имаш личен преведувач на дланка. 5
Нурни во нов простор
Види подалеку од границите на видливото. Од 1х зум дури до 100х зум, нашата Space Zoom функција подобрена со AI беспрекорно ги доловува и најоддалечените предмети. 6
Види подалеку од границите на видливото. Од 1х зум дури до 100х зум, нашата Space Zoom функција подобрена со AI беспрекорно ги доловува и најоддалечените предмети. 6
Лесно преуреди ги твоите портрети
Создај си уникатна профилна слика со AI. Избери од разните уметнички ефекти генерирани со помош на AI и претвори ги своите портрети во профилна слика што се издвојува на друштвните мрежи и апликациите за допишување. 7
Создај си уникатна профилна слика со AI. Избери од разните уметнички ефекти генерирани со помош на AI и претвори ги своите портрети во профилна слика што се издвојува на друштвните мрежи и апликациите за допишување. 7
Оживеј ги твоите фотографии со длабочина
Уживај во драгоцените моменти со уште повеќе боја и живост. Ефектот Live додава длабочина на сликите за твоите пријатели, семејство и миленичиња да изгледаат уште поживописно. 8
Уживај во драгоцените моменти со уште повеќе боја и живост. Ефектот Live додава длабочина на сликите за твоите пријатели, семејство и миленичиња да изгледаат уште поживописно. 8
Управувај со твојата дневна благосостојба според твојот енергетски резултат
Подобри ја свесноста за тоа како здравјето ти влијае на секојдневниот живот со Ниво на енергија, што служи како брз преглед на целокупното здравје. Добивај корисни совети како да го подобриш нивото на енергија секој ден. Може да ги планираш своите дневни рутини врз основа на совети за добросостојба за да ги постигнеш личните здравствени цели. 9
Твојата приватност. Заштитена
Дизајниран со приватноста како врвен приоритет, One UI гарантира дека твоите лични податоци остануваат безбедни и под твоја контрола. Без разлика дали пребаруваш на интернет, пристапуваш до банкарски апликации или користиш Galaxy AI, робусната заштита на Samsung Knox те поддржува.
Дизајниран со приватноста како врвен приоритет, One UI гарантира дека твоите лични податоци остануваат безбедни и под твоја контрола. Без разлика дали пребаруваш на интернет, пристапуваш до банкарски апликации или користиш Galaxy AI, робусната заштита на Samsung Knox те поддржува.
Заштита и водење уште од првиот ден
Безбедно води го своето дете низ дигиталниот свет со помош на Galaxy. Дозволи му да пристапи до соодветни сајтови и апликации и следи дали е безбедно со проверка на неговата физичка локација. 10
Поврзаната моќ на Samsung Galaxy
Поврзаните уреди Galaxy се совршени заедно, отворајќи нови начини за непречена комуникација, работа, игра и одржување на здравјето. 11
Добиј го најдобриот,
најновиот One UI
Регистрирај се за да добиваш известувања за Samsung Members за датумот на претстојното пуштање на One UI за да бидеш секогаш во тек со настаните.
- Достапните функции и/или содржини може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот, земјата/регионот и операторот.
- Сликата е симулирана за илустративни цели. Секвенциите се скратени и симулирани. Вистинскиот UI може да биде различен.
- Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени функции, вклучувајќи ги и функциите Galaxy AI.
- Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани уреди Samsung Galaxy. Условите може да се разликуваат за AI функции обезбедени од трети страни.
- Функциите Galaxy AI за серијата Galaxy S25, серијата Galaxy S24, серијата Galaxy S23, серијата Galaxy S22, Galaxy Z Fold Special Edition, Galaxy Z Fold6 | Z Flip6, Galaxy Z Fold5 | Z Flip5, Galaxy Z Fold4 | Z Flip4, Tab S10+ | S10 Ultra, Tab S9 | S9+ | S9 Ultra и Tab S8 | S8+ | S8 Ultra се достапни на верзијата One UI 6.1 или на понови верзии. Поддржаните модели може да се разликуваат во зависност од функцијата.
- Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, целосноста или доверливоста на резултатите обезбедени од AI функциите.
- Galaxy AI услугата може да биде ограничена за малолетници во одредени региони со возрастни ограничувања за користење на AI.
- Серијата Galaxy S25, серијата Galaxy S24, Galaxy Z Fold6 | Z Flip6, Galaxy Tab S10 Ultra, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7, серијата Galaxy Book, Galaxy Ring и Galaxy Buds3 Pro се продаваат одделно.
- За некои функционални помошни апликации може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
- Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот
- Официјалното претставување на One UI 7 ќе започне со претстојните уреди од серијата Galaxy S. Се очекува ажурирањето да се одвива постепено и на други уреди Galaxy.
- Gemini е трговска марка на компанијата Google LLC. Резултатите се за илустрација. Потребно е поврзување на мрежа и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Работи со компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. За одредени функции или апликации можеби ќе биде потребно поставување. Точноста на резултатите не е загарантирана. Активирањето Gemini со долго притискање на страничното копче е достапно на уреди што работат со One UI 7 или понова верзија. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата/регионот и моделот на уредот.
- Заокружи за пребарување е трговска марка на. компанијата Google LLC. Резултатите се само за илустрација. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Потребно е поврзување на интернет. Корисниците можеби ќе треба да ги ажурираат својот Android и апликацијата Google на најновата верзија. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните или аудио совпаѓањата. Точноста на резултатите не е загарантирана. Работи само на компатибилни апликации и површини и со амбиентална музика. Нема да ја препознае музиката што доаѓа преку слушалките или ако е исклучен звукот на телефонот. Функцијата Заокружи за пребарување не е достапна преку FlexWindow. Сликата е симулирана. Секвенците се скратени.
- За опцијата Sketch to Image е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Уредувањето со Sketch to Image може да резултира со фотографија со променета големина. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
- За функцијата Превод во живо е потребно мрежно поврзување за да добиваш пораки од повици. Може да преведува без мрежно поврзување откако уредот ќе ги прими пораките од повиците. Потребно е најавување на Samsung Account. Функцијата Превод во живо е достапна само на инсталираната апликација Samsung Phone и на некои апликации од други производители. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот или регионот. За одредени јазици може да биде потребно да се преземе јазичен пакет. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- 100x Space Zoom вклучува 10x зум со оптички квалитет и 100x дигитален зум со технологија Super Resolution. Растојанијата за зумирање поголеми од 10х може да предизвикаат влошување на квалитетот на сликата. AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапно на Galaxy S25 Ultra.
- За Portrait Studio за функцијата Помош за фотографирање е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Уредувањето со Portrait Studio резултира со фотографија со променета големина. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани. Сликата е симулирана.
- Ефектот Live за Помош за фотографирање поддржува JPG, HEIC (HEIF), BMP, PNG и WebP-датотеки. Може да не биде достапна на одредени видеодатотеки. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани. Сликата е симулирана.
- Опцијата Ниво на енергија е достапна на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, регионот и јазикот. За да го провериш нивото на енергија, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch (серија Galaxy Watch4 и понови модели со OS 5.0 или понова верзија) или Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за пулсот за време на спиење. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- Ограничено само за услуги од Samsung. Достапно само во одредени региони, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Европа. Потребна е регистрација на детска сметка на Samsung.
- Достапните функции може да се разликуваат во зависност од уредот, земјата, регионот, операторот или верзијата на One UI.