Твојата уметничка галерија на телевизор

На The Frame е прикажано прекрасно уметничко дело.
The Frame е уметнички телевизор што може многу повеќе од прекрасно прикажување на она што е на екранот. Тој ти овозможува да се изразиш креативно, со големиот избор стилизирања и уметнички дела.

Што го прави The Frame ремек-дело

Дизајн

Го одразува твојот стил, се вклопува во твојот простор

The Frame е осмислен како тенка рамка за слика, поради што прекрасно се вклопува во твојата соба. Исто така, може безжично да се поврзе со твоите други уреди со безжичниот One Connect — така изгледа како вистинска врамена слика на ѕидот, без вообичаените жици и кабли. За дополнителна хармонија, може да додадеш надворешна рамка во боја што одговара на просторот.

Создај го идеалниот телевизор за тебе во виртуелното студио за дизајн

The Frame на кој е прикажана сликата „Базил и Камиј“ е закачена во дневна соба со бел ентериер. Се гледаат копчиња за бирање тема, бирање големина, приспособување на екранот, бирање рамка, преглед на собата и ресетирање.
  • * Уметничките дела прикажани на The Frame може да се најдат на Samsung Art Store.
  • * Приспособливата рамка се продава одделно.
  • * Асортиманот на приспособливи рамки што се поддржани може да се разликува во зависност од земјата.
  • * Кога се користи со безжичен One Connect, за телевизорот е потребно одделно поврзување на струја.
  • * Од асортиманот The Frame, само The Frame Pro што е пуштен во продажба во 2025 г. е компатибилен со безжичен One Connect. Пред купување, провери ги спецификациите и карактеристиките на производот.

Уметност

Разубави го просторот со прекрасно уметничко дело

Најди уметничко дело за прикажување што ќе го избереш од нашата колекција од повеќе од 3.000 дела во Samsung Art Store. Или откриј нови дела преку Art Store Streams — курирана селекција од 30 уметнички дела што ти се испорачуваат секој месец. Од култни ремек-дела до модерни дизајни, тука ќе ги најдеш делата што ги сакаш.

Во нашата збирка на уметнички дела те очекува богата колекција

Многу познати слики се прикажани во неколку колони.
  • * За пристап до сите избрани дела потребна е претплата на Art Store. Претплатата подлежи на давачки.
  • * Уметничките дела во Art Store подлежат на промена без претходно известување.
  • * Art Store може да не биде достапна во некои земји.
  • * Достапноста на Art Streams може да се разликува во зависност од земјата. Времето во кое секој месец се испорачуваат 30 уметнички дека може да се разликува во зависност од регионот. Времето и честотата на испорачување на тие 30 уметнички дела може да се разликува во зависност од регионот. Бројот на бесплатни уметнички дела што се испорачуваат подлежи на промени без претходно известување.

Квалитет на слика

Реалистична телевизија со Neo QLED квалитет

The Frame може многу повеќе од прекрасното прикажување уметност. Опремен со врвен Neo QLED екран, испорачува прекрасна слика за твојата омилена забава, без разлика дали се работи за филмови, спорт, гејминг или друго.

Изгледа толку реално, како да си во музеј

Мат екран

Уживај во уметноста токму така како што е замислено, од богатите бои до деталите на текстурата. The Frame има мат екран кој е UL-certified дека нема отсјај, така што сликата изгледа чисто дури и на силна светлина. Исто така, има потврда од PANTONE за прецизна репродукција на боите, за да можеш да гледаш разни нијанси како што се во оригинал.

Мат-екранот на The Frame.
  • * Само The Frame Pro има Neo QLED екран. Другите модели на The Frame имаат QLED екран. Пред купување, провери ги спецификациите и карактеристиките на производот.
  • * Сликата прикажана погоре има за цел да го пренесе концептот за производот и вистинскиот производ може да се разликува.
  • * Потврда дека нема отсјај од UL врз основа на начините на проверка што ги користи UL. За повеќе информации за начините на проверка што се користат, посети ја https://verify.ul.com/verifications/732.
  • Големина на екран

  • Дизајн

  • One Connect

  • Уметнички режим

  • Art Store Streams

  • QLED

  • Samsung Vision AI

  • Резолуција

  • Процесор

  • HDR

  • Smart TV платформа

  • 85/75/65/55/50/43
  • Модерен дизајн на рамка
  • One Connect
  • Да
  • Да
  • QLED
  • Да
  • 4K резолуција
  • NQ4 AI Gen2 процесор
  • Quantum HDR
  • Samsung Tizen OS

Земи The Frame и неговата дополнителна опрема